Легендата на Евролигата, Кајл Хајнс сериозно размислува да ја заврши својата играчка кариера и да се посвети на тренерскиот занает.
Италијанските медиуми тврдат дека тој планира да замине за САД и да стане дел од стручниот штаб на Бруклин Нетс со кого работеше и во текот на НБА Летната лига во Лас Вегас. Засега од него нема официјална потврда за ова, но со оглед на фактот што има 38 години, јасно е дека се ближи крај на играчката кариера на Хајнс.
Претходните четири сезони тој беше член на Олимпија Милано, а претходно играше за Бамберг, ЦСКА и Олимпијакос каде му беше соиграч на Перо Антиќ и заедно освоија две титули во Евролигата. Во елитното европскко натпреварување настапуваше вкупно 13 години и е рекордер со 425 одиграни натпревари.


