Официјалната промоција на новиот тим на Партизан ќе се одржи в понеделник (19 август) од 20 часот, но на неа сигурно нема да биде присутен бразилскиот репрезентативец Бруно Кабокло.
Тој имаше договор со Партизан и за претстојната сезона, но од неговата агенција тврдат дека тој е раскинат, а од клубот дека тоа може да се случи само на штета на играчот, односно со отштета. Без разлика на се, Партизан не смета на Кабокло и тој нема повеќе да игра за некогашниот европски шампион.
Минатата сезона, бразилскиот репрезентативец просечно постигнуваше по 9,4 поени и 4 скока.


