Бразилскиот репрезентативец Бруно Кабокло го напушти Партизан и наскоро ќе стане член на Хапоел Тел Авив.
Минатата недела центарот на „црно-белите“ пред трансфер во израелскиот клуб, но Партизан не дозволи премин без да му биде исплатена отштета и покрај тоа што Жељко Обрадовиќ неколку пати истакна дека не смета на кошаркарот. Откако и менаџерите на Кабокло сфатија дека немаат шанси лесно да го преселат својот клиент во друг клуб, приказната доби друг тек и на крајот трите страни постигнаа договор.
🚨Done deal. Bruno Caboclo to Hapoel Tel Aviv. Hapoel will pay 500k € to Partizan for Caboclo. https://t.co/YrZEhtk8Zy
— Inside Euroleague (@Insideuroleague) August 29, 2024
Партизан за својот досегашен играч ќе заработи 500 илјади евра, а сумата ќе платат заедно Кабокло и Хапоел. Постоеше опција Бразилецот да замине во НБА, тренираше со Голден Стејт, но до договор не дојде.


