Од 27 март, Кошаркарскиот клуб ИБА од Скопје ќе учествува во Суперфиналето од Европската младинска кошаркарска лига (EYBL), како единствен македонски претставник.
Настанот ќе се одржи во Рига каде ќе настапат над 600 кошаркари поделени во три возрасни категории: У15, У16 иУ17. Нашиот преставник се натпреварува во категорија до 16 години каде ќе има шанса да се бори за трофеј.

Кадетите на ИБА беа најдобар на турнирот во Скопје кој се одржа кон средината на јануар, славејќи на сите четири натпревари. За МВП на турнирот беше прогласен Марко Солев. Високото крило имапе импресивни бројки од 20 поени, 15 скока и 4 асистенции по натпревар.

МВП на тимот е Христијан Божиновски, плејмејкер кој во просек постигнуваше по 10 поени и 5 асистенции. Горјан Каркински беше дел од иделната петорка на турнирот со ефект од 15 поени. Радува фактот што, меѓу другото, овие талентирани кошаркари се во добра форма за претстојното Европско кадетско првенство кое ќе се одржи во Скопје од 7 до 18 август.

„За мене како кошаркар ова е голема шанса за докажување на меѓународна сцена. Во Рига одиме да дадеме максимум и одиграме добри натпревари и одлично да го претставиме нашиот клуб и македонската кошарка“, изјави Солев.
На безмалку два месеца пред Суперфиналето, се уште не се познати сите ривали на ИБА бидејќи наскоро треба да се одиграат и преостанатите квалификациски турнири.


