Екипата на Водно Санс за кошаркари до 16 години ја освои шампионската титула во својата конкуренција откако во денешното финале го совлада Вардар со 114-97.
Спектакуларното и ефикасно финале беше решено во втората и третата четвртина кои му припаднаа на Водно Санс со 65-48, па по 30 минути игра, оваа екипа имаше предност од 16 поени разлика (93-77). До крајот, Водно Санс успеа да го сочува водството и да дојде до првата титула оваа сезона во младинските категории.

За најдобар играч на завршниот турнир што се одржа во Кале беше прогласен Филип Сребров од победничкиот тим кој во финалниот меч постигна 45 поени, 14 скока и 5 асистенции за индекс 40.
Третото место во кадетска конкуренција го освои тимот на МКК Куманово кој во „малото финале“ го совлада Работнички со 54-53.


