У16 репрезентацијата на Македонија претстојната недела го почнува својот настап на Европското првенство Б-дивизија во Скопје, а синоќа во Гевгелија го одигра последниот подготвителен натпревар.
Кадетите ја совладаа Ирска со 74-63 и во добро расположение го очекуваа шампионатот на кој ќе се обидат да се вратат во елитната конкуренција од која испаднаа лани. По добриот настап на минатонеделниот турнир во Гевгелија, ова беше уште позитивен настап за избраниците на Александар Јованчев.
Најефикасен на мечот со Ирска беше Цветковски кој постигна 15 поени, а веднаш зад него е Нешовиќ со 12. Тие двајца и беа најдобри во текот на подготовките. На Европското првенство, Македонија ќе биде во група со Естонија, Украина, Шведска и Австрија.


