Женската кадетска репрезентација на Македонија со пораз го почна настапот на Европското првенство Б-дивизија во Истанбул.
Во првото коло, нашите млади кошаркарки загубија од Грција со 47-76 и покрај одличниот почеток на мечот. Откако противничките го отворија резултатот (2-0), македонската репрезентација постигна 11 поени по ред и сето тоа за само три минути игра. За жал, Гркинките брзо се вратија во игра, на крајот од првата четвртина водеа со 19-17, а сите дилеми околу победникот ги решија во вториот период кој го добија со 22-10.
Второто полувреме помина во целосна доминација на противничките кошаркари кои на крајот славеа со 29 поени разлика.
Јана Пислевска со 10 поени беше најефикасна во македонската репрезентација Мила Начевска додаде девет, а Вања Милосављевиќ осум. Нашите кошаркари ја загубија битката под кошевите, имаа 17 скока помалку од противникот, а загубија и 24 топки.
Утре Македонија е слободна, а в петок се среќава со Бугарија во второто коло од шампионатот.


