Од денеска до 16 август, Скопје ќе биде домаќин на уште едно Европско првенство Б-дивизија во кадетска конкуренција.
За македонската У16 репрезентација тоа е нова можност за враќање во елитната конкуренција од каде испадна пред две години, исто така на првенство во нашиот главен град. Низ историјата, кадетските репрезентации на Македонија секогаш имале најдобри резултати, најмногу години (7) поминаа во А-дивизијата, а и најголемиот успех, четврто место во елитната конкуренција, во 1995 година е врзан за селекцијата на оваа возраст.
Кадетите, предводени од селекторот Нермин Пепиќ, се веројатно последната шанса за Македонија идната година да има една репрезентација во А-дивизијата. Јуниорите испаднаа, а младинците не успеаја да се изборат за место во елитата, па селекцијата до 16 години треба да го обели образот на македонската младинска кошарка.
Во групата со Македонија се уште Кипар, Ирска, Полска, БиХ и Словачка. Првиот натпревар, нашите кадети го играат денеска од 18:30 часот во Кале.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
07.08.2025 Македонија – Кипар 18:30
08.08.2025 Македонија – Ирска 18:30
09.08.2025 Македонија – Полска 18:30
11.08.2025 Македонија – БиХ 18:30
12.08.2025 Македонија – Словачка 18:30
МАКЕДОНИЈА „ПОД 16“ НА ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ ВО СКОПЈЕ
Павел Ѓиноски бек 192 СБА Мадрид (Шпанија)
Дино Беговски центар 203 Телеком Бон (Германија)
Михаил Анѓеловски бек 178 Водно Санс
Александар Сотир крило 195 Елче (Шпанија)
Давид Рајковски бек 183 Вардар
Теон Бошковски бек 183 Вера Алмерија (Шпанија)
Стефан Илиев бек 185 Работнички
Христијан Божиновски бек 178 ИБА баскет
Димитар Сисирковски центар 205 МЗТ Скопје Аеродром
Марко Солев центар 200 ИБА баскет
Лука Чучанов крило 201 Кожув
Дион Шабани центар 198 Црн Дрим
СТРУЧЕН ШТАБ НА МАКЕДОНИЈА
СЕЛЕКТОР: Нермин Пепиќ
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Тео Митевски
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Александар Костадиновски
КОНДИЦИСКИ ТРЕНЕР: Виктор Калевски
ФИЗИОТЕРАПЕВТ: Розета Ристовска
ДОКТОР: Ана Атанасова


