Тепачката што се случи во Белград во понеделникот рано наутро постојано добива нови моменти.
Како што е познато, четворица кошаркари на Партизан влегоа во тепачка со белграѓани во близина на ноќен клуб, а највоинствен бил Карлик Џонс кој на едно видео се гледа како удира момче со шише во главата, а потоа со остатокот од шишето продолжува да го напаѓа.

Денеска на социјалните мрежи се појави фотографија од жртвата на Џонс. Иако веројатно и тој има вина за она што се случило, неговата глава и лицето изгледаат катастрофално лошо. Српските медиуми објавија дека по тепачката, тој завршил со 50 конци.


