Суперѕвездата на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум се прогласи за најдобар играч во НБА лигата.
Оваа сезона, тој просечно постигнува по 27,1 поен, 8,6 скока и 4,8 асистенции, а по својот петти настап на Ол стар натпреварот, самоуверено изјави дека нема подобар од него во НБА.
„Кој е најдобар во НБА? Јас. Имам многу почит кон Јанис Адетокумпо, Никола Јоки и Жоел Ембид, лигата во добри раце. Но, навистина верувам дека секогаш кога стапнувам на теренот, јас сум најдобар играч“, изјави Тејтум.
Неговиот Бостон Селтикс го има најдобриот биланс во лигата во моментов (43/12) и е еден од главните фаворити за титулата. Последен пат Селтикс играа во финалето во 2022 година кога загубија од Голден Стејт со 2-4.


