Светскиот шампион Германија ја оствари највисоката победа на Европското првенство откако попладнево ја совлада Велика Британија со 63 разлика (120-57).
И во четвртиот натпревар Германците ја минаа границата од 100 поени, а поставија рекорд на шампионатот по бројот на постигнати поени, надминувајќи ги Финците кои против истиот ривал броеја до 109. Германската репрезентација воопшто не размислуваше да попушти, играше максимално агресивно во текот на сите 40 минути иако победниот беше решен уште во првото полувреме кое заврши со нивна предност од 58-31.
Сето тоа и покрај фактот што на планетарниот првак му претстои директниот дуел за првото место во групата, против Финска в среда. Интересно е тоа што Велика Британија има 0/4 досега, но се уште е со шанси да пласира во осминафиналето, ако ја победи Црна Гора в среда со над 32 поена разлика.
Тристан да Силва ја предводеше германската репрезентација со 25 поени, Денис Шредер додаде 19, а Франц Вагнер оствари дабл дабл со 18 поени и 10 асистенции. Само тие тројца имаа повеќе постигнати поени од цела британска репрезентација заедно. Таму Вилан и Хесон беа најефикасни со по 11 поени, но Британците го претрпеа 15. пораз во низа европските првенства.


