Турскиот гигант Фенербахче стана прв тим во историјата на Евролигата кој како гостин победи во „мајсторка“ од четвртфиналето на плејофот и обезбеди пласман на завршниот турнир од елитното натпреварување.
Тоа се случи дури во 20. обид на една гостинска екипа, втора во годинашното разигрување за титулата. Фенер беше пред амбисот во дуелот со Монако, но по продолжение славеше со 80-79, пред се благодарение на грчкиот репрезентативец Ник Калатес.
Во финишот тој „врза“ две тројки и потоа украде една топка со која Монако можеше да дојде до победа во последните секунди. На крајот беше најефикасен, заедно со Скоти Вилбекин, со по 14 поени, а на Монако не му беа доволни ни 20. поени на Мајк Џејмс.
Фенербахче е трета екипа која обезбеди пласман на завршниот турнир од Евролигата, по Реал Мадрид и Панатинаикос.


