Грчкиот репрезентативец Ник Калатес официјално го напушти Фенербахче, по две сезони поминати во овој клуб.
Такво нешто се спомнуваше уште во текот на сезоната, пред се поради неговите проблеми со тренерот Шарунас Јасикевичиус поради кого си замина и од Барселона во 2022 година. Следен клуб во кариерата на 35-годишниот плејмејкер најверојатно ќе биде Монако.
Заедно со Калатес, од Фенербахче си замина и Нејт Сестина, а се очекува наскоро, клубот од Истанбул да го потврди доаѓањето на Вејд Болдвин од Макаби, како и Девон Хол и Шевон Шилдс од Олимпија Милано.


