По трет пат во својата кариера, Никола Калиниќ ќе биде член на Црвена Звезда чиј дрес последен пат го носеше во сезоната 2021/22.
Актуелниот српски и АБА шампион денеска го потврди враќањето на 32-годишниот крилен играч кој последните две сезони ги помина во тимот на Барселона. Калиниќ потпиша договор со Звезда на три години и многу веројатно тука ќе ја заврши својата кариера, ако го одработи до крајот.
Во претходните два наврата во кои беше член на Звезда, Калиниќ освои вкупно шест трофеи (две тројни круни), а сега треба да претставува еден од лидерите на тимот. Тој е трето засилување за белградскиот тим по Урош Плавшиќ и Ајзеа Кенан.


