Аргентинскиот репрезентативец Факундо Кампацо лани одбил да се пресели во Панатинаикос и двојно зажалил за тоа.
Неговиот тогашен агент Јоргос Пану раскажа дека по заминувањето од Црвена Звезда, Кампацо имал понуда од ПАО за тригодишна соработка и плата од вкупно 12 милиони евра. Аргентинецот не само што одбил да се пресели во Атина, туку и го отпуштил агентот кој на крајот од минатата сезона добил сатисфакција. Кампацо потпиша за Реал за третина од сумата која му ја нудел Панатинаикос, а потоа загуби од грчкиот тим во финалето од Евролигата.
„Дојде до недоразбирање со Кампацо кој тоа лето доби понуда за највисок договор во историјата на европската кошарка. Панатинаикос му нудеше 12 милиони евра, но пресуди неговата желба за враќање во српската престолнина. Брзо потоа се разделивме бидејќи мислеше дека го терам да оди каде што не сака и дека барам од него да се впушти во проект во кој не верува. Моја работа е да му ја обезбедам најдобрата понуда, а ми беше исклучително мило кога Реал загуби од Панатинаикос во финалето од Евролигата. Можеби тогаш сфати дека треба да му верува на својот агент“, изјави Пану.
Кампацо со Реал ја освои титулата во шпанското првенство, а во моментов е убедливо најдобар играч во овој тим.


