Тренерот на Баерн, Гордон Херберт од летото 2026 година ќе биде селектор на канадската репрезентација.
Тоа е истиот стручњак кој со Германија пред две години стана светски шампион, па ќе се обиде истото да го направи и со Канаѓаните кои имаат извонредна генерација, способна за највисоки дострели. Лани тој ги напушти Германците и влезе во клупската кошарка, како тренер на Баерн, но од идната година ќе има уште еден ангажман.
Прва задача на Херберт ќе биде Светското првенство во Катар во 2027 година, а главна цел се Олимписките игри во Лос Анџелес една година подоцна.


