Канадскиот кошаркар со нигериско потекло Отасови Бертранд Ијекекполор ќе игра за ТФТ во АБА 2 лигата, како четврти странски кошаркар во редовите на клубот од Тафталиџе.
Ијекекполор е висок 202 сантиметри и ја покрива центарската позиција, а во Македонија дојде ова лето. Интересно е тоа што Канаѓанецот е член на македонскиот прволигаш Мега Баскет од Прилеп за кој вчера дебитираше на домашен терен против ИБА Баскет. Стручниот штаб на ТФТ процени дека 30-годишниот кошаркар има доволно квалитет за да ги брани боите на клубот во регионалното натпреарување и тој ќе го облече „црно-белиот“ дрес. Ијекекполор вчера официјално е регистриран и има право да заигра на стартот на регионалното натпреварување.
ТФТ ќе го почне својот настап во АБА 2 во вторник со гостувањето кај Слобода Тузла, меч што претходно беше откажан поради штрајкот на судиите во регионалното натпреварување.


