Поранешниот НБА кошаркар Енес Кантер се најде во центарот на вниманието за време на натпреварот меѓу Чикаго Скај и Индијана Фивер, откако влезе во конфликт со кошаркарката на Чикаго, Наташа Клауд.
Кантер, кој неодамна привлече внимание со одлуката да се пријави за ВНБА драфтот, го следеше натпреварот од трибините. Сепак, неговото присуство не помина незабележано, а вечерта заврши со негово отстранување од салата.
Поранешниот НБА центар на натпреварот се појави со маица на која беше испишана порака во која се истакнува поимот „возрасна жена“, што дополнително привлече внимание. Уште при неговото пристигнување во салата, дел од присутните навивачи реагираа со свирежи и навреди. Ситуацијата дополнително се заостри кога Кантер влезе во расправија со Наташа Клауд. По инцидентот, лицата задолжени за обезбедување реагираа и го отстранија од арената.
Enes Kanter GOT INTO IT with a WNBA player and was KICKED OUT the arena 😳 pic.twitter.com/DCBhO8ZPhD
— BrickCenter (@BrickCenter_) August 24, 2026
Настанот предизвика големо внимание на социјалните мрежи, каде што се појавија и снимки од инцидентот, како и од реакциите на навивачите при неговото пристигнување. Дури и кога си заминуваше, нервозни навивачи вербално го нападнаа надвор од арената.
WNBA fans flipped off and cursed out Enes Kanter Freedom on his way into the Fever-Sky game. pic.twitter.com/S7t1DAsa3X
— BrickCenter (@BrickCenter_) August 23, 2026
Кантер во последниот период повторно е во центарот на вниманието поради неговите јавни настапи поврзани со женската кошарка и неговата намера да направи пресврт во кариерата со пријавувањето за ВНБА драфтот.


