Хрватскиот шампион Задар доживеа тежок пораз од Црвена Звезда на вчерашното гостување, но изненадување беше тоа што на теренот на овој меч не се појави капитенот Марко Рамљак.
Тренерот Данијел Јусуп откри дека причината за неговото отсуство е бизарна и неверојатна кога станува збор за професионален клуб.
„Патиката му пукна пред почетокот на натпреварот и не бепе употреблива. Со оглед на тоа што неодамна се врати по повреда на скочниот зглоб, одлучив дека е подобро да не го користам“, изјави Јусуп.
Неверојатно е тоа што Рамљак немал уште еден пар патики со кои би го одиграл мечот. Неговото присуство веројатно немаше многу да смени во однос на резултатот (93-54 за Црвена Звезда), но барем немаше на тоа да се гледа како бизарен проблем.


