Стеф Кари имаше фантастичен настап во полуфиналето и финалето од Олимписките игри во Париз и е најзаслужен за новото злато на американската репрезентација и покрај тоа што не беше прогласен за МВП.
Поради тоа, тој, како и Кевин Дурант и Ентони Едвардс биле подвргнати на „тест за дрога“ по финалниот дуел против Франција.
„Не можевме да прославиме во соблекувалната бидејќи јас, Дурант и Стеф требаше да направиме дрога-тест или нешто слично. Само за Стеф беше оправдано бидејќи играше како луд“, откри Едвардс гостувајќи во поткастот на Џејлен Роуз.
Веројатно станувало збор за допинг-тест што е нормална работа на вакви натпреварувања. Кари постигна вкупно 60 поени против Србија и Франција, погодувајќи вкупно 16 тројки во двата меча.


