Најдобриот играч во историјата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари помина уште една бариера во НБА лигата.
Ноќеска против Сакраменто, кој Вориорс го добија со 130-104 и ја продолжија победничката серија, Кари ја достигна границата од 4.000 тројки во кариерата. Тој одамна е најдобар тројкаш во историјата на лигата, но неговите достигнувања тешко дека некогаш ќе бидат надминати.
4,000 3-POINTERS AND COUNTING…
STEPH CURRY, IN A CLASS OF HIS OWN 🙌 pic.twitter.com/kS6sqJRjzW
— NBA (@NBA) March 14, 2025
Историската тројка ја постигна во четвртата минута од третата четвртина, а со тоа делумно го покри релативно лошиот настап на овој меч бидејќи постигна само 11 поени за 30 минути во игра. Сепак, на најдобар начин го најави својот 37 роденден бидејќи со јубилејот дојде на само неколку часа пред неговото одбележување. Најефикасен во неговиот тим беше Дрејмонд Грин кој постигна 23 поени, додека Куминга стигна до 18.
Тоа е шести триумф по ред за Голден Стејт и 11. на последните 12 натпревари со што си ги зголеми шансите за директен пласман во плејофот. Сакраменто е на деветтото место, но влезе во лоша серија бидејќи ноќеска го доживеа третиот пораз во низа и четврти на последните пет меча.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Вашингтон 125-129
Милвоки – ЛА Лејкерс 126-106
Чикаго – Бруклин 116-110
Њу Орлеанс – Орландо 93-113
Голден Стејт – Сакраменто 130-104


