Еден од најдобрите играчи на Партизан, Карлик Џонс не го доигра синоќешниот натпревар против Виртус поради повреда во последната четвртина.
Американецот со пасош на Јужен Судан кривејќи ја напушти белградската Арена, а денеска беше на детални прегледи по што беше утврдена тежината на повредата. Се работи за свиткан скочен зглоб што значи дека плејмејкерот имал среќа, но сепак ќе мора да паузира извесен период.
Ќе го нема во тимот десетина дена и ќе ги пропушти евролигашките дуели против Монако и Фенербахче, како и дуелот со Крка во АБА лигата кој е на програмата в сабота.


