Раководството на Далас Маверикс се подготвува да го отпушти генералниот менаџер Нико Херисон, тврди добро информираниот американски новинар Марк Стајн..
Екипата од Тексас се наоѓа на дното на табелата во Западната конференција што е неверојатен пресврт, само 17 месеци по настапот во финалето од НБА лигата. На Херисон на товар му е сензационалниот трејд на првата ѕвезда во тимот Лука Дончиќ кого во февруари го испрати во Лос Анџелес Лејкерс, во замена за „стаклениот“ Ентони Дејвис кој повеќе е надвор од теренот, отколку на него. Токму тој потег на Херисон би можел да биде клучен во конечната одлука околу неговата иднина.
„Иако Думонт (еден од сопствениците) се чини дека претпочита да му даде повеќе време на Херисон, на разгледување е дали размената во текот на сезоната е најмудриот потег за Маверикс во нивниот обид да продолжат напред откако Дончиќ стана неизбежен на највисоките нивоа на организацијата. Херисон е под голем притисок од навивачите и општ е впечатокот дека поради трејдот на Дончиќ, тој повеќе не може да биде лицето што ќе ја води организацијата“, наведува Стајн.
Херисон е остаток од претходните сопственици на Мавс што значи дека не е ангажиран од Думонт и затоа ќе биде полесно да биде избркан.


