Откако минатиот месец престојуваше во Виница, карванот на Кошаркарската федерација на Македонија минатиот викенд гостуваше во Велес каде се собраа неколку стотини таленти од У12 екипите и помлади во машка и женска конкуренција.
Млади кошаркари пристигнаа од сите краеви на Македонија и имаа можност да се дружат и да споделуваат кошаркарски знаења.
Следниот собир е на 26 април кога талентите ќе имаат нова дружба во Гевгелија, на датумот кој го носи спортската сала во овој град.
















