Екипата на Минесота Тимбервулфс ја покажа својата дефанзивна моќ против Денвер Нагетс, откако ноќеска на домашен терен славеше со 113-96, за водство од 2-1 во серијата.
Мекдениелс имаше 20 поени и 10 скока, Ајо Досунму додаде 25 поени и девет асистенции од клупата, а Донте Дивинченцо имаше 15 поени и четири украдени топки за загреаниот домашен тим. Сепак, главната работа, Минесота ја заврши во одбраната, задржувајќи го противникот на само 96 постигнати поени.
Руди Гобер, по инспиративниот настап во вториот натпревар против Никола Јокиќ, уште еднаш успеа да го запре трикратниот МВП, кој имаше многу лоша шутерска вечер (7/26 од поле), додека Тимбервулфс поставија рекорд на франшизата во плејофот, дозволувајќи им на Нагетс само 11 поени во првата четвртина.
Јокиќ заврши со 27 поени и 15 скока за Денвер, а Џамал Мареј постигна 16 поени исто така со очаен шут од игра (5/17). Мекдениелс, кој по вториот натпревар рече дека сите играчи на Денвер се „лоши дефанзивци“, покажа дека неговата проценка не била непромислена. Место да ги налути Нагетс, тој се мотивираше себеси и покажа дека таа констатација воопшто не е погрешна
Мекдениелс, Дивинченцо и Досунму постојано го напаѓаа обрачот, па веќе во првото полувреме беше јасно каде ќе оди натпреварот затоа што домаќините водеа со 61-39. Најмногу што успеа да се доближи Денвер во второто полувреме беа -12, но тоа се случи дури кога мечот беше решен, во финалните минути.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
— NBA (@NBA) April 24, 2026
▪️ @ATLHawks take a 2-1 series lead
▪️ @Raptors win Game 3 at home
▪️ @Timberwolves take a 2-1 series lead
The NBA Playoffs presented by @Google continue Friday with 3 games on Prime! pic.twitter.com/MyqfQzdMNZ
Серијата останува во Минеаполис каде се игра и четвртиот натпревар, а ако Јокиќ и компанија не успеа да направат брејк, ќе се најдат во многу тешка ситуација од која многумина не успеале да се извлечат.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Њујорк 109-108 (2-1)
Торонто – Кливленд 126-104 (1-2)
Минесота – Денвер 113-96 (2-1)


