Судбината сакаше првиот натпревар по заминувањето на Лука Дончиќ, Далас Маверикс да го игра против најдобриот тим во лигата оваа сезона Кливленд Кавалирс и тоа во Охајо.
Иако Словенецот не играше последните пет недели, очигледно трејдот реализиран доцна синоќа оставил трага врз кошаркарите на Далас, па тие се на прагот на тотална бламажа на вечерашниот дуел. По првото полувреме, резултатот е 91-46 за Кливленд при што во воведната четвртина домаќинот постигна 50, а во втората 41 поен. Ова е трето најефикасно полувреме во историјата на НБА лигата, по она на Феникс против Денвер (107 поени) во 1990 година и на Голден Стејт против Чикаго (92) во 2018.
Да биде проблемот поголем, за Далас не игра ни Кајри Ирвинг, а ги нема ни Морис и Клебер кои беа дел од трејдот на Дончиќ и Дејвис и се преселија во Лејкерс.


