Суперѕвездата на Барселона, Кевин Пантер се повреди на натпреварот против Басконија, а клубот објави колку долго ќе отсуствува.
Станува збор за повреда на адукторот на левиот бутен мускул и се очекува неговото закрепнување да трае од две до четири недели. Тоа значи дека најверојатно ќе го пропушти шпанскиот Куп иако во клубот се надеваат дека би можел да заигра, особено ако Барса се пласира во финалето.
Поранешниот играч на Партизан има одлична сезона со тимот на „блауграна“ и јасно е дека неговото отсуство ќе биде голем удар за каталонскиот тим. Сезонава тој има ефект од 15,5 поени, 1,8 скока и 3 асистенции во Евролигата во која Барса го зазема четвртото место со учинок од 17/10.


