Откако пред два дена ја прекина серијата порази, Партизан повторно ги разочара своите навивачи на натпревар од Евролигата.
Белградскиот тим вечерва го доживеа седмиот пораз сезонава во елитното натпреварување, но овој најмногу боли бидејќи е доживеан од најлошиот тим во Евролигата, Асвел. кој се наоѓа на последната позиција, славеше пред своите навивачи со 88-87 и ја прекина серијата од четири порази во Евролигата.
Дојде како фаворит, но Партизан водеше само на почетокот со 2-0 и во последната четвртина во која најмногу отиде на 77-73. Сепак, во последните две минути Асвел направи 11-2, гостите имаа неколку почетнички грешки и тоа скапо ги чинеше.
За денешниот кикс Партизан ќе мора да се „вади“ против акуелниот европски првак Фенербахче, идниот петок на домашен терен.
РЕЗУЛТАТИ
Дубаи – Жалгирис 95-89
Анадолу Ефес – Баерн 74-72
Асвел – Партизан 88-87
Барселона – Виртус 88-81
Олимпија Милано – Олимпијакос 88-87


