Плејмејкерот на Црвена Звезда, Милош Теодосиќ доби суспензија од Евролигата од два натпревара поради исклучувањето на натпреварот против Анадолу Ефес, одигран минатата недела.
Искусниот кошаркар на белградскиот тим беше нервозен од однесувањето на противничките играчи и прво направи груб прекршок, а потоа влезе во судир со судиите кои му досудија две технички грешки и го исклучија. Покрај суспензијата, Теодосиќ ќе мора да плати и 15 илјади евра што веројатно потешко ќе му падне во моментов.
Со оглед на тоа што Звезда испадна од Евролигата, својата казна Теодосиќ ќе ја „одлежи“ на почетокот од идната сезона.