Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ) подготвува понуда за франшиза во НБА Европа, објавува „Атлетик“.
Сопствениците на Њукасл Јунајтед имаат рок до 31 март да ја поднесат својата понуда, како и сите други инвеститори. Интересно е тоа што иако клубот би бил со седиште во Њукасл, каде е фудбалската филијала, своите натпревари планира да ги игра во Лондон.
Во меѓувреме, извештајот потврдува и дека „Катар Спортс Инвестмент“, сопственикот на ПСЖ, подготвува понуда за Париз, додека „Ред Бирд Капитал“, близок соработник на НБА во проектот, бара тим во Милано. Уште поинтересно е што овие тимови подготвуваат и проекти за нови арени, со оглед на тоа што Париз и Лондон се европските пазари со најнеискористен кошаркарски потенцијал.
Не е јасно дали „Ред Бирд Капитал“, кој е сопственик и на фудбалскиот клуб Милан, ќе изгради тим од нула или ќе се обиде да соработува со Олимпија Милано, локален кошаркарски гигант кој веќе потпиша нов десетгодишен договор со Евролигата. Како и да е, ако влезат овие клубови, НБА Европа ќе наликува на фудбалска Лига на шампиони, со многу познати имиња во тој спорт.
Треба да се напомене и дека плановите за НБА Европа не се поврзани со проширувањето на НБА во Соединетите Американски Држави, кое исто така е во тек.


