Екипата на Кемниц, во чиј стручен штаб е Македонецот Ѓорѓи Кочов, го продолжи победоносниот од во ФИБА Европа купот и веќе може да се подготвува за историското финале на меѓународна сцена.
Во првиот полуфинален натпревар, бундеслигашот како гостин буквално го прегази Билбао со 98-73, па реваншот на домашен терен треба да биде само формалност. Одлучувачко беше второто полувреме кое Кемниц го доби со 57-27 за големо славје пред шпанската публика.
Реваншот во Германија се игра на 3 април, а треба да се истакне тоа дека Кемниц оваа сезона во ФИБА Европа купот има само еден пораз на 15 натпревари. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Варезе и Бахчешехир.


