Германскиот прволигаш Кемниц е на само чекор од првиот трофеј во 25-годишната историја на клубот.
Во првиот меч од финалето на ФИБА Европа купот, тимот во чиј стручен штаб е Македонецот, Ѓорѓи Кочов го победи турскиот Бахчешехир на Дејан Радоњиќ со 85-74 и со двоцифрена предност ќе оди на реваншот во Истанбул на 24 април. Во текот на мечот, бундеслигашот имаше и +17, во последната четвртина водеше со 15 разлика, но на крајот Бахчешехир успеа да намали.
Во финалето на ФИБА Европа купот се игра на два натпревара, а титулата ќе ја освои тимот со подобар кош-количник.