Екипата на Кемниц, во чиј стручен штаб се наоѓа Ѓорѓи Кочов, ја заврши најуспешната сезона во својата историја.
За малку не успеа да се пласира во финалето од Бундеслигата бидејќи вечерва загуби во „мајсторката“ со Алба со 84-97. Кемниц одлично се држеше три четвртини, во втората имаше предност и од 11 разлика, но не ги издржа последните минути. На помалку од шест минути пред крајот, се наоѓаше во водство од 80-78, а потоа Алба направи 14-2 и отиде на недостжни 92-82. Така, тимот од Берлин обезбеди пласман во финалето и во серијата против Баерн ќе се обиде да ја врати доминацијата во германската кошарка.
Што се однесува до Кемниц, оваа сезона ќе биде запишана со златни букви во историјата на клубот. Екипата го освои првиот трофеј, триумфирајќи во ФИБА Европа купот, а првпат во своето постоење стигна до полуфиналето на плејофот во домашното првенство.


