Репрезентацијата на САД убедливо ја совлада Србија на мини-турнирот во Абу Даби, но и покрај тоа, селекторот Стив Кер нема дилеми кога станува збор за најдобриот кошаркар во светот.
Според него, тоа е Никола Јокиќ и покрај тоа што играчот на Денвер не беше на посакуваното ниво денеска.
„Никола е најдобар кошаркар на планетата. Во се е добар, но вечерва не беше негова. Србија исто така тренира, ја бара својата форма за Олимписките игри“, рече Кер по денешниот меч.
Тој се осврна и на ситуацијата околу Кевин Дурант за кого рече дека се оди во најдобар ред и тој најверојатно ќе биде подготвен за Олимписките игри.


