Триумфот над Франција во финалето од Олимписките игри во Париз беше последен натпревар како селектор на САД за еден од најтрофејните американски стручњаци Стив Кер.
Медиумите во земјата веќе објавија дека Кер одлучил да се повлече и да ја препушти селекторската функција на која помина три години, како наследник на Грег Попович. Неговото место многу веројатно ќе го пополни Ерик Сполстра што можеше одамна да се претпостави бидејќи му беше помошник во претходниот период.
Со Кер на клупата, Американците го освоија четвртото место на ланското Светско првенство на кое САД настапија со многу слаб состав и триумфираа на Олимписките игри во Париз со што ја продолжија доминацијата во оваа конкуренција.


