Менаџментот на Њујорк Никс денеска донесе одлука да го отпушти тренерот Том Тибодо, на општо изненадување на најголемата армија навивачи во НБА лигата.
Одлуката доаѓа неколку дена по елиминацијата во финалето од Индијана во финалето на Источната конференција што е најдобар резултат на франшизата во последните 25 години. Толку време тимот од Њујорк чекаше пласман во конференциското финале, а кога конечно дојде дотаму, одлучи својот тренер да го „награди“ со отказ.
„Нашата организација е фокусирана на титула во НБА лигата, а таквата амбиција не донесе до одлука да го информираме Том Тибодо дека продолжуваме во дрга насока. Не можеме доволно да му се заблагодариме на Том за тоа што го остави срцето на секој натпревар на клипата. Тој секогаш ќе биде дел од нашата организација и навистина му посакуваме се најдобро во иднина“, напишан претседателот на Никс, Леон Роуз во своето соопштение.
Освен што го однесе до првото конференциско финале во последните 25 години, Тибодо го водеше Њујорк во плејофот во четири од петте сезони како тренер и успеа да „врзе“ две сезони со 50+ победи, првпат по 90. години од минатиот век. Тој лани го продолжи договорот со Никс до 2028 година, но одработи само една сезона од него. Како можни наследници на Тибодо се спомннуваат Тејлор Џенкинс и Мајк Мелоун кои до пред извесно време беа тренери на Мемфис, односно Денвер.


