Минатата вечер во НБА ја одбележа убедливиот триумф на Њујорк и победата на Бостон на гостински терен.
Њујорк Никс продолжува да гази. Милвоки беше следната жртва на расположениот тим од „Медисон Сквер Гарден“, кој славеше со убедливи 117-85 и ја запиша четвртата победа во низа. Џејлен Брансон со 23 поени го предводеше победничкиот состав, Карл-Ентони Таунс додаде 21 поен и 16 скока, а О Џи Ануноби заврши со 19 поени.
Пресвртот во натпреварот практично беше избегнат уште пред паузата. Никс ја добија втората четвртина со 32-13, па на одмор заминаа со комотни 24 поени предност. Милвоки немаше одговор за агресивната игра на домаќините и продолжи да тоне во резултатска криза. Бакс сега имаат само една победа на првите 11 натпревари, а поразот од Њујорк им беше седми последователен.
Бостон, пак, се врати од гостувањето во Филаделфија со победа од 123-101. Селтикс ја презедоа контролата во завршницата, а особено доминантни беа во последните 12 минути, кога ја зголемија разликата до конечните 22 поени. Џејсон Тејтум постигна 21 поен, а гостите беа исклучително прецизни од далечина, реализирајќи 22 тројки. Тајрис Макси со 24 поени беше најдобар поединец во редовите на Филаделфија.
РЕЗУЛТАТИ:
- Милвоки – Њујорк 85-117
- Филаделфија – Бостон 101-123
- ЛА Клиперс – Феникс 110-133
- Јута – Мајами 109-115
- Сакраменто – Орландо 100-107
- Портланд – Оклахома 123-103


