Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант е еден од неколкуте славни спортисти кои наскоро ќе добијат статуа во Алејата на американските народни херои.
Информацијата денеска ја објави претседателот на САД, Доналд Трамп, во рамоите на Месецот на историјата на црните луѓе. Првичната цел била споменикот да биде поставен на 4 јули 2026, но Трамп посочи дека ќе направи се што е во негова можност, церемонијата да се одржи порано.
Коби Брајант е еден од најславните американски кошаркари во историјата, неговата карииера траше 20 години, а ја помина во тимот на Лос Анџелес Лејкерс. Со американската репрезентација освои две титули на Олимписките игри, во 2008 и 2012 година.
Неговиот живот трагично заврши на 26 јануари 2020 година, во хеликоптерска несреќа во која настрада и една од ќерките Џана.


