Синоќа официјално заврши групната фаза во Еврокупот по што се познати директните патници во четвртфиналето и екипите што ќе се борат во осминафиналето.
Тимовите кои имаат Македонци во своите редови обезбедија пласман во нокаут фазата и веднаш ги дознаа следните ривали. Кемниц, во чиј стручен штаб е Ѓорѓи Кочов, ќе игра против Олимпија Љубљана и тоа ќе биде гостин на единствениот натпревар. Победникот од тој меч во четвртфиналето ќе игра против Бург.

Гостин ќе биде и Тренто со Андреј Јакимовски во италијанското осминафиналето, против Венеција. Екипата што ќе триумфира во овој дуел ќе има исклучително тешка задача во четвртфиналето, против Бешикташ кој е можеби главен фаворит за трофејот.
Во осминафиналето и четвртфиналето од Еврокупот се игра на еден натпревар, додека во полуфиналето и финалето до две победи.


