Лука Дончиќ ја потврди својата животна форма во ноќешниот триумф на Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето кај Хјустон Рокетс со 100-92.
Ова е шеста победа по ред на Лејкерс и деветта во последните десет натпревари. Дончиќ беше најефикасниот играч на натпреварот со 36 поени (14/27 шут од поле), а додаде уште шест скока, четири асистенции и две украдени топки.
Со својот настап против Хјустон, Дончиќ се израмни со една од легендите на Лејкерс. Словенецот сега има 52 натпревара со 30 или повеќе поени, исто колку и Џејмс Ворти, но до нив стигна за само една година, додека на Ворти му беа потребни 12 сезони. Дончиќ застана покрај уште една легенда на еден од најголемите клубови и најсилната лига. Словенецот е водечки стрелец во НБА оваа сезона, со просек од 32,8 поени по натпревар. Тоа се најдобрите бројки за играч на Лејкерси од Коби Брајант во 2006 година.
Март во НБА може да се нарече месец на Лука Дончиќ. Тој е прв во лигата по поени и тројки, трет по украдени топки, петти по асистенции и седми по скокови.
На мечот против Хјустон, се истакнаа уште Леброн Џејмс со 18 поени и пет скока и пет асистенции, Остин Ривс со 15 поени, пет асистенции и четири украдени топки и Деандре Ајтон со 7 поени и 11 скока. Хјустон го предводеа Џабари Смит со 22 поени и осум скока и Амен Томпсон со 19 поени, 12 скока и пет асистенции. Кевин Дурант постигна 18 поени и додаде пет скока.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Орландо 124-112
Вашингтон – Голден Стејт 117-125
Бостон – Феникс 120-112
Бруклин – Портланд 95-114
Чикаго – Мемфис 132-107
Њу Орлеанс – Далас 129-111
Хјустон – ЛА Лејкерс 92-100
ЛА Клиперс – Сан Антонио 115-119


