Актуелниот шампион Уникс израмни на 2-2 во полуфиналето од ВТБ лигата против Локомотив Кубан, по денешниот триумф во Краснодар со 85-68.
Со тоа, тимот од Казан го врати брејкот и повторно ја има предноста на домашниот терен која, ако ја искористи, ќе обезбеди уште едно финале. Најдобар играч на Уникс беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој за 30 минути во игра постигна 20 поени со кои беше најефикасен на мечот, а додаде уште 6 асистенции, 3 скока и 4 украдени топки за индекс 27, највисок на натпреварот.
Петтиот натпревар од серијата се игра на 16 мај во Казан, а пласман во финалето обезбедува тимот кој прв ќе стигне до четири победи.


