Екипата на Маџари е последен полуфиналист во Втората македонска кошаркарска лига откако во „мајсторката“ против Соколи од Штип славеше со 94-70.
Тоа беше и единствена серија во која се играа три натпревари бидејќи претходно фаворитите во два меча ја завршија својата работа. Во полуфиналето се пласираа екиипите кои основниот дел од сезоната во Втората лига го завршија од првата до четвртата позиција.
Следната фаза од плејофот во Втората лига е решавачки за пласман во елитната конкуренција. МКК Куманово ќе игра против Ангели, а Шкупи против Маџари и победниците од овие серии ќе обезбедат пласман во Првата лига. Предноста на домашниот терен ќе ја имаат МКК Куманово и Шкупи кои ги освоија првите две места по основниот дел, па затоа се и фаворити во однос на своите ривали. МКК Куманово се уште е без пораз во оваа конкуренција.


