Седми пат во низа, а 13. во последните 14 години, МЗТ Скопје е кошаркарски шампион на Македонија.
Тимот од Аеродром уште еднаш победи во финале со 3-0 откако откако вечерва го совлада Маџари со 80-74. Уште еднаш, екипата од предградието на Скопје пружи силен отпор на големиот фаворит, до три минути пред крајот беше блиску до победа и намалување на негативата, но не издржа и повторно одлучи искуството и квалитетот на големиот фаворит. Во сите три натпревари од финалето, Маџари беше блиску, ниеднаш не загуби со двоцифрена разлика, ама сепак не успеа да го победи МЗТ.
Маџари подобро го почна и во петтата минута водеше со 13-6, на крајот од првата четвртина беше 26-21, но МЗТ Скопје со серија од 7-0 го презеде водството на стартот од вториот период за во финишот од полувреме да отиде на големи 46-38. Во вториот дел се смени сликата, шампионот беше постојано во водство, но таа не беше голема недостижна и Маџари постојано му беше зад пети.
Возбудувањата достигнаа кулминација кон средината на последниот период кога Маџари успеа да дојде до израмнување (64-64). Во клучните моменти, сепак, до израз дојде искуството, прво Дамјан Стојановски погоди важна тројка, а потоа од полудистанца прецизен беше и Војдан за 76-69, водство кое се покажа недостижно за домашниот тим.
Војдан беше најефикасен со 17 поени, Танасковиќ додаде 16, а Смит 13. Амар Хот одигра извонреден меч, го предводеше Маџари со 20 поени и 18 поени, но ни тоа не беше доволно за триумф вечерва.


