Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ смета дека неговиот клуб се наоѓа на вистинската патека и дека е подготвен да оди до крајот во Евролига.
„Црно-белите“ веќе четврта сезона по ред учествуваат во елитното европско натпреварување, првата година беа на чекор од Ф4, водеа со 2-0 против Реал во четвртфиналето, но не успеаја да ја задржат предноста и мадридскиот гигант на контроверзен начин се пласира на завршниот турнир кој подоцна и го освои. Мијаиловиќ смета дека клубот е веќе доволно искусен за да ја оствари финалната цел.
„Кога дојдов во Партизан бев млад и се работев од љубов. Наша конечна цел сега е да ги наградиме навивачите со титула во Евролигата. Верувам дека тоа наскоро ќе се случи. Не се сеќавам дека некој вложил толку во нешто, а на крајот да не бил награден“, изјави Мијаиловиќ.
По три кола од новата сезона, Партизан има две победи и пораз, а во следниот круг се среќава токму со Реал во Мадрид.


