Ентони Едвардс, бекот на Минесота Тимбервулфс беше прогласен за најкорисен играч на Ол-стар натпреварот откако го предводеше својот тим, Старс до убедлива победа од 47-21 над нивните сонародници, Страјпс, во финалето на егзибицискиот турнир што се одржа во Интуит Доум во Лос Анџелес.
Тоа беше четвртиот различен формат на Ол-стар натпреварот за исто толку години, а овојпат соочи два американски тима против тим составен од играчи од остатокот од светот. Целта беше да се поттикне националната гордост и натпреварувачкиот дух во олимписка година. Беа одиграни три возбудливи 12-минутни групни натпревари, кои беа решени во последните минути, по што следуваше финалето.
Настанот генерално се играше со многу поголем ентузијазам отколку во претходните години, што сугерира дека раководството на лигата можеби пронашло формула за да го направи главниот настан во сезоната позабавен. Едвардс го освои својот прв трофеј „Коби Брајант“ за најкорисен играч на Ол-стар натпреварите. Тој постигна 13 поени во првиот натпревар, вклучувајќи ја и клучната тројка во продолжението, додаде 11 во вториот натпревар и осум во финалето.
Тимот Свет тотално разочара у го заврши натпреварувањето со два пораза, делумно затоа што Лука Дончиќ и Никола Јокиќ одмораа во вториот натпревар затоа што се бореа со повреди во изминатиот период. Јанис Адетокунбо не играше, исто како и актуелниот МВП, Шеј Гилџес Александер.
Мора да се истакне и одличната игра на Кавај Ленард во мечот меѓу Тим Страјпс и Тим Свет. Суперѕвездата на Клиперс пред своите навивачи постигна 31 поен за 12 минути и практично сам ја однесе својата екипа во финалето.


