Реал Мадрид одлучи да се повлече од Евролигата и да стане еден од основачите на ново европско кошаркарско натпреварување под покровителство на НБА лигата – проект наречен „НБА Европа“, пишуваат шпански медиуми.
Според достапните информации, 12 клуба би учествувале во проектот во почетната фаза, а се проценува дека вредноста на франшизите вклучени во натпреварувањето би можела да достигне околу милијарда долари во следните пет до шест години. Според медиумските извештаи, Реал Мадрид е се поблиску до тоа да биде еден од дванаесетте основачи на ова натпреварување.
🚨 JUST IN: Real Madrid are set to leave the EuroLeague & will join the ‘NBA Europe’ project as one of the 12 founding clubs.
— Madrid Xtra (@MadridXtra) January 22, 2026
The NBA estimate that the value of ‘NBA Europe’ franchises will be around 1 Billion Dollars in 5-6 years. @COPE pic.twitter.com/0Vs2b0dF1w
Овој потег означува почеток на нова ера во европската кошарка и потенцијално ја менува распределбата на моќта на континентот, бидејќи НБА Европа би можела сериозно да ги потресе традиционалните темели на Евролигата. Од клубот се уште нема потврда за оваа одлука, а информацијата доаѓа еден ден откако Управниот одбор на Барселона реши каталонскиот клуб да продолжи во Евролигата.
Во моментов, повеќето клубови сè уште покажуваат преференции за останување во Евролигата, но потенцијално поголемите профити и проширувањето на брендот преку НБА Европа би можеле да ги наведат да ги преиспитаат своите приоритети во наредниот период.


