Младинската школа Работнички од 10 до 14 јуни ќе организира специјални тренинзи за развој на млади кошаркари.
Во Скопје доаѓа проф. Ненад Труниќ — еден од најреномираните тренери за млади категории, долгогодишен инструктор на ФИБА, со богато меѓународно искуство.

Што нуди masterclass-от?
Две тренинг сесии дневно (по 90 минути) Работа во мали групи за максимален индивидуален напредок, тренинзи организирани во 4 станици (skills development концепт). Покрај работата со играчите, во рамки на masterclass-от ќе се одржи и стручна едукација за тренери, насочена кон современи методи на развој на млади кошаркари.
Ова е одлична можност за сите млади играчи и тренери во Македонија да работат според врвни европски стандарди и да стекнат директно знаење од елитно тренерско име.
ПР текст


