Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека ќе организира комеморација во чест на Лазар Лечиќ кој почина пред десет дена.
„Кошаркарската Федерација ќе организира комеморација за Лазар Лечиќ.
Најголемата легенда на македонската кошарка, почина на 13.08.2024 година во Скопје.
Времето и местото на одржување на комеморацијата ќе бидат дополнително објавени, по консултација со семејството на Лазо и со неговите најблиски соработници“, стои во соопштението од КФМ.
Пред два дена, КОШ.МК ги повика надлежните институции (КФМ, МОК, Град Скопје…) и клубовите (Работнички и МЗТ Скопје) да организираат комеморација за Лазар Лечиќ, а иницијативата наиде на поддршка од почитувачите на делото на најголемиот великан во историјата на македонската кошарка.


