Кошаркарската федерација на Македонија закажа комеморација за основноположникот на македонската кошарка Лазар Лечиќ кој почина на 13 август оваа година.
Комеморацијата ќе се одржи в сабота, на 21 септември, во хотелот „Александар Палас“ од 13 часот. Интересно е тоа што истиот ден се навршуваат 40 дена од смртта на прославениот тренер.
Како што објавија од Федерацијата, терминот е одреден во консултација со семејството на Лечиќ.


