Во организација на Соколи и Стипион се одржа првиот кошаркарски караван. Околу 30 тна млади кошаркари денеска има шанса да тренираат со еден од најдобрите тренери за млади категории Владимир Мирковски.
Се одржа и мала работилница каде се разменија мислења и искуства со тренерите на К.К Соколи и К.К. Стипион. Идејата и носител на проектот “Кошаркарски караван” е КК ИБА Скопје и Академија “РЕБРАЧА” од Белград. Наредно е планирано караванот да помине низ: Прилеп, Тетово, Гевгелија, Струга, Пробиштип, Валандово и Св Николе, а не е исклучена можноста и во другите градови низ Македонија. Сите се повикани на 15.12.2024 во Борис Трајковски на дружење со Жељко Ребрача и неговиот тим на тренери.

„Ова е еден одличен проект да им помогнеме на клубовите и тренерите низ Македонија преку заеднички тренинзи,работилници организација на летни кампови, меѓународни турнири да остварат што подобри резултати како клуб и на децата да им дадеме пристап до повеќе информации и различни тренинзи.
Во иднина преку кошаркарскиот караван ќе обезбедиме и одредена помош на клубовите како: опрема,кошаркарски топки и реквизити кој се неопходни за еден квалитетен кошаркарски тренинг“, изјави проф. Владимир Мирковски основач на ИБА академија и носител на проектот “КОШАРКАРСКИ КАРАВАН”.
ПР Текст


